Само 11 хотели со 5 звезди

Bez autora
Mar 15 2012

Од 200 хотели во земјава 190 се категоризирани по старите правилници, коишто не се соодветни, бидејќи хотел со 5 звезди во Скопје или во внатрешноста на земјава не нуди исти услови за туристите. За да биде транспарентна категоризацијата на сите хотели и за да им се понудат подобри услови за сместување на туристите, во согласност со стратегијата за развој на туризмот во Македонија, се подготвува и акциски план за нова категоризација на сместувачките капацитети. Како што информираат од Министерството за економија, предвидено е значително да се зајакнат и контролите на државниот пазарен инспекторат во овој ресор, бидејќи туризмот во земјава е во подем, а доказ за тоа е што според анализите на Државниот завод за статистика за првпат по четири години во јануари годинава бројот на туристите е зголемен за 25 проценти.

Само 11 хотели со 5 звездиОд 200 хотели во земјава 190 се категоризирани по старите правилници, коишто не се соодветни, бидејќи хотел со 5 звезди во Скопје или во внатрешноста на земјава не нуди исти услови за туристите.

За да биде транспарентна категоризацијата на сите хотели и за да им се понудат подобри услови за сместување на туристите, во согласност со стратегијата за развој на туризмот во Македонија, се подготвува и акциски план за нова категоризација на сместувачките капацитети.

Како што информираат од Министерството за економија, предвидено е значително да се зајакнат и контролите на државниот пазарен инспекторат во овој ресор, бидејќи туризмот во земјава е во подем, а доказ за тоа е што според анализите на Државниот завод за статистика за првпат по четири години во јануари годинава бројот на туристите е зголемен за 25 проценти.

- Со измените сите сместувачки објекти треба да имаат најмалку десет соби со една или две звезди, 15 соби со три звезди и 20 соби за четири и пет звезди. Во сите хотели да се прифаќаат кредитни картички, а за хотелите со четири звезди како дополнителна содржина е да се има базен. За хотелите со 5 звезди задолжително покрај базен треба да има фитнес и спа-центар. Зголемена е и квадратурата на собите на 14 квадратни метри за еднокреветна соба кај хотелите со 5 звезди, а кај хотелите со 4 звезди еднокреветна соба треба да има 12 квадрати - вели министерот за економија, Ваљон Сараќини.

Според него зголемен е бројот на соби и за хендикепирани лица, односно на секои 30 соби треба да има на располагање по една соба за хендикепирани лица. Измените бараат задолжително да биде познавањето на еден од странските јазици за менаџерот и персоналот, особено во хотелите со пет звезди. Категоризацијата е направена за сите хотели и за да биде тоа транспарентно, контролата ќе биде зајакната, а рокот за да угостителските објекти се прилагодат на новиот правилник ќе биде две години, бидејќи треба да се подигнат стандардите за сместувачките капацитети и неопходно е градежно да се интервенира.

- Во Македонија во моментов 11 хотели имаат пет звезди, со новата категоризација можно е овој број да се смени - вели Сараќини.

Од Министерството за економија велат дека многу често во промотивните материјали угостителите додаваат по некоја звезда плус и затоа и тие ќе подлежат на контрола.

Елизабета Чингаровска, директор на Државниот пазарен инспекторат, најави дека инспекторите ќе ги зајакнат контролите за угостителските објекти кои што треба да извршат прилагодување на новата категоризација за сместување на туристите. Според неа лани, Инспекторатот извршил 30.000 контроли, а 15 проценти од нив биле во согласност со надлежностите, а по Законот за угостителска дејност извршени се 3.735 контроли од кои што 332 се вонредни.

Таа појасни дека ќе има и парични казни и тоа доколку објектот нема доказ за извршено усогласување казните ќе се движат од 1.000 евра за правниот субјект, а 200 евра за одговорното лице.

Чингаровска посочи дека досега најчесто туристите се жалат на аранжманите на туристичките агенции, а не на угостителските објекти и услугите. Тие се жалат и на аранжманите за празниците кои најчесто се спремаат на брзина и токму затоа инспекторатот вршат постојани контроли на агенциите од аспект на нивните лиценци.

Што се однесува на актуелната политичка ситуација во земјата и откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции министерот Сараќини се надева дека ситуацијата ќе се нормализира. Засега 14.000 туристи од Холандија не го откажале гостувањето и токму затоа Сараќини се надева дека бројот на туристи годинава ќе се зголеми.

Што се однесува на тендерот за Чебрен и Галиште, Сараќини вели дека се уште не е решено, бидејќи целта на Владата и Комисијата не е тој да пропадне.

- Шансите тендерот да успее засега се 50:50. Од една од компаниите добивме ново писмо кое што треба дополнително да се разгледа - информира Сараќини.

Министерот кажа дека денеска ќе се дискутира и за тендерот на ОХИС, за што има заинтересирано три компании - една домашна и две странски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik